За стариот проект „145 фискултурни сали во училиштата“, кој трае 16 години, во наредните 3 години ќе се одвојат 9,1 милион евра од буџетот. Досега пуштени во употреба се 100 сали. Доцнењето, според МОН, е главно заради имотно-правни односи, а ревизорите утврдиле дека и државата ги кратела парите.
Ако е убаво времето, учениците од подрачното основно училиште „Гоце Делчев“ во скопското Долно Лисиче може да вежбаат со топка во училишниот двор. Ако е ладно, врне снег или дожд , тогаш во старата кујна која е адаптирана за фискултурна сала на неколку душеци може да вежбаат , вели Иван Трајковски чие дете неодамна заврши основно образование во оваа училиште.
Тој вели дека ветувањето за нова фискултурна сала го слушнал од сите градоначалници до сега, ама неговото дете часовите по физичко образование во деветте години од основното образование ги помина во импровизирани услови.
„Додека беше помал син ми, вежбаа во двор ако им се погодеше времето, ако не, имаа часови по математика или македонски јазик наместо физичко, затоа што немашe доволно место во адаптираната кујна. Топка баш и не виде во училиштето додека растеше, ама понекогаш вежбаат колут напред и назад на душеци во старата кујна,“ додава тој.
Повеќе на РСЕ









