Според последните информации, во оваа несреќа загинале четири лица.
Филипинските власти потврдија дека авионот се урнал во провинцијата Магуинданао дел Сур.
Портпаролот на американската амбасада Канишка Гангопадјај изјави за Асошиетед прес дека подоцна ќе дадат подетална изјава за несреќата.
Амер Џехад Тим Амболодто, офицер за безбедност во Магуинданао дел Сур, рече дека се пронајдени безживотните тела на четири лица, за кои се верува дека се странски државјани.









