МОСКВА (АА) – Рускиот претседател Владимир Путин го раскина договорот за рибарство постигнат во 1956 година помеѓу Русија и Велика Британија, пренесува Анадолу.

Со декретот потпишан од страна на Путин, на британските рибари им се забранува ловење на руското крајбрежје на Баренцовото Море.

Во рамки на договорот потпишан во 1956 година помеѓу Велика Британија и Советскиот Сојуз, британските рибарски бродови можеа да ловат на одредени зони во Баренцовото Море.

Договорот продолжи да се спроведува помеѓу Русија и Велика Британија и по распадот на Советскиот Сојуз.

Претседателот на руската Дума, Вјачеслав Володин, минатиот месец изјави дека Британците веќе 68 години јадат руска риба, и рече: „Сега нека ослабат. Нека бидат мудри.“