Според податоците на Министерството за здравство на Газа, на 127-от ден од војната во опколената ексклава, бројот на загинатите достигна 28.064 лица, а други 67.611 се повредени.

Според извори од Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ), 17.000 деца ги загубиле своите родители откако Израел ги почна воздушните напади врз Појасот Газа. Околу 40 отсто од 27.000 Палестинци убиени во Газа од 7 октомври досега беа деца.