Јеменските Хути наредија на сите американски и британски вработени во Обединетите нации и нивните агенции да ја напуштат земјата во рок од еден месец, изјави претставник на ОН за АФП.
Во писмото од 20 јануари споделено на социјалните мрежи, властите во главниот град Сана, контролиран од Хутите, му кажаа на постојаниот координатор на ОН дека британските и американските вработени имаат еден месец „да се подготват да ја напуштат земјата“.

Иако контролираат само дел од територијата на Јемен, Хутите имаат контрола над повеќето населени центри во земјата.

Официјален претставник на ОН потврди за АФП дека го добиле писмото.

– ОН и нивните партнери го забележаа ова и чекаат да видат кои се следните чекори – рече функционерот кој побара да остане анонимен.

Протерувањето уследи по заедничките напади на САД и Велика Британија против Хутите, со цел да се стави крај на нападите на групата врз трговските бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив.

(Vijesti.ba / ФЕНА)