Во израелски воздушен напад во јужен Либан во четвртокот загинаа двајца медицински лица, соопшти медицинската организација поврзана со Хезболах, пренесува Анадолија.

– Израелски воени авиони нападнаа центар за итни случаи во градот Ханине, при што загинаа двајца медицински лица – се вели во соопштението на Исламското здравствено друштво (Хајаа).

Во нападот било уништено возило на брза помош.

Тензиите се зголемија долж границата на Либан со Израел откако израелската војска започна смртоносна воена офанзива врз Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври.

Според податоците објавени од Хезболах и либанските медиуми, од почетокот на прекуграничните судири во октомври загинале повеќе од 190 луѓе, меѓу кои најмалку 30 цивили.