Словенија со години има проблем со работниците на боледување.

Последните податоци покажуваат дека лани во Словенија имало дури 85 отсто повеќе боледувања отколку во 2014 година. Ова е рекорд од дури 56.128 вработени кои користеле боледување.

Како резултат на тоа, минатата година во Словенија беа изгубени повеќе од 20 милиони календарски денови.

– Состојбата е загрижувачка во последните години, тврди за Index.hr Ана Водичар, раководител на областа за одлучување за права и медицински производи во Заводот за здравствено осигурување.

Според словенечките медиуми, законодавството на Словенија не го признава рокот за боледување. Таква регулатива има и Бугарија.

Во другите системи, привремената спреченост за работа трае една, најмногу три години. После тоа се пропишува привремена или трајна спреченост за работа.

Додека Словенците се на боледување, паричните бенефиции се зголемуваат.

– Ако во 2014 година имавме околу 225 милиони расходи од фондот за здравство, лани исплативме речиси 700 милиони евра. Тоа се огромни зголемувања и затоа е толку загрижувачки, вели Водичарева.

Минатата година просечното боледување во Словенија траеше 13,4 дена. Најдолгото боледување било во Корушка и траело 19 дена, а најкратко во Горишка и траело 11 дена. Рекордер во Словенија е работник кој 12 години е на боледување.