Кој сè ќе биде амнестиран? Владата го врати да се доработи Предлогот за амнестија на лесни кривични дела наводно од технички причини. Во меѓувреме опозициските партии бараат амнестија и за посериозни кривични дела. Амнестијата причина и за раздор меѓу Мицкоски и Груевски.
Сè погласни се сомнежите дека зад Предлог законот за амнестија, со кој треба да се амнестираат „ситни риби“ и зад веќе донесените измени на Кривичниот закон, со кој куртулуваат „капиталците“, стои политички пазар.
Сомнежите се подгреваат откако Предлог законот за амнестија не помина на владината седница на 19 септември, со објаснување дека треба да се доработи. Првичната верзија не опфаќа тешки дела. Но сега има предлози со него да бидат опфатени и делата тероризам за случаи, како „27 април“, „Монструм“, и „Диво насеље“…
Во меѓувреме интензивни се и изјавите на политичарите, за тоа кој со кого правел „дил“ за евентуално помилување преку измени на Кривичниот законик, експресно донесени пред две недели.
И двете „амнестии“ се случуваат во време кога од пратениците во Собранието се очекува да изгласаа уставни измени, со кои, меѓудругото во Уставот ќе бидат вметнати и Бугарите. Тоа пак е барање што земјава се согласи да го исполни, ако сака да го продолжи интегрирањето во Европската унија.
Повеќе на РСЕ









