Египетската влада најави забрана за носење никаб што го покрива лицето во училиштата, и ќе стапи на сила од 30 септември.
Министерката за образование Реда Хегази го објави ова во понеделникот, додавајќи дека учениците сепак ќе имаат право да изберат дали ќе носат махрам, но инсистирала на тоа дека тоаа не смее да им го покрива лицето.
Таа истакнала и дека старателот на детето треба да биде свесен за неговиот избор и дека тој мора да се направи без надворешен притисок.
„Овде улогата на наставниците по арапски јазик, веронаука и социјално-психолошко образование ќе биде ментално да ги подготват учениците за спроведување на одлуката на министерството со сета љубезност и благост, земајќи ја предвид менталната состојба на учениците и нивното возрасно ниво. “, наведила таа во соопштението.
Во Египет долги години се води дебата за носењето никаб во училиштата.
Ваквата облека муслиманите со векови ја носат од религиозни причини ширум светот.
Некои во Египет го поврзуваат со Муслиманското братство, група која е забранета како терористичка организација од 2013 година, истата година кога со воен удар беше соборена демократската избраната влада поддржана од Братството.









