Пред ирачката амбасада во Стокхолм за денеска е најавен настап во кој ќе биде запалена копија од Куранот.
Доколку оваа претстава навистина се случи, Ирак ќе одговори со прекинување на дипломатските контакти со Шведска, се вели во изјавата на премиерот Мохамед Шија ал Судани.
„Ирачката влада ја информираше шведската влада преку дипломатски канали дека секој повторен настан кој вклучува палење на Светиот Куран на шведска територија ќе доведе до прекин на дипломатските односи“, се вели во изјавата на премиерот.









