Шведската амбасада во Багдад рано утринава беше запалена, за време на демонстрациите организирани од приврзаниците на верскиот водач Моктада Садр, објави францускиот печат од местото на настанот, додавајќи дека инцидентот се случил во пресрет на протестот во Шведска, каде што било планирано да се запали копија од Куранот.
Полициски сили се распоредени пред зградата, а неколку десетици демонстранти се избркани со наведувани топови.
Шведското Министерство за надворешни работи соопшти дека персоналот на амбасадата е безбеден.
„Свесни сме за ситуацијата. Персоналот на нашата амбасада е безбеден и министерството е во редовен контакт со нив“, соопштија од шведското министерство.









