Црвен крст Струга во соработка со училиштето Јахја Кемал Струa организираше хуманитарна акција за настраданото население во Турција и Сирија од земјотресот со катастрофални последици. Со цел да им помогнеме на жртвите, хуманоста ја покажаја учениците и вработените во училиштето. Собрани беа 90.000 денари.