Техеран и Москва постигнаа договор за испорака на иранските ракети Фатех-110 и Золфагар до анектираниот Крим и руските пристаништа во Каспиското Море, објави Економист.

Економист ја објави оваа информација повикувајќи се на украинско воено разузнавање и други претставници.

– Знаеме дека аранжманите за испорака на иранско оружје се веќе направени – изјави за овој весник Вадим Скибицки, заменик-шеф на украинската воена разузнавачка служба.

(Vijesti.ba / ФЕНА)