Организацијата за исламска соработка (ОИЦ) ја поздрави одлуката на австралиската влада да го отповика признавањето на Западен Ал Кудс (Ерусалим) како главен град на Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
Раководството на ОИЦ, организација со седиште во Џеда, ја поздрави поддршката на Австралија за решение на блискоисточното прашање засновано на формирање на две независни држави, Израел и Палестина. „Потегот на Австралија е во согласност со меѓународното право и релевантните резолуции на Обединетите нации“, се вели во соопштението на ОИК. Пан-исламската организација ги повика сите држави кои го признаа Ал Кудс како главен град на Израел да ги отповикаат одлуките кои се спротивни на меѓународниот легитимитет.
Австралиската министерка за надворешни работи Пени Вонг денеска изјави дека Австралија го укинала признавањето на Западен Ал Кудс како главен град на Израел. Во 2018 година, владата на тогашниот австралиски премиер Скот Морисон рече дека ќе го признае западниот дел на Ал Кудс како главен град на Израел, но нема да ја премести својата амбасада од Тел Авив додека не се постигне мировен договор. Ал Кудс останува во срцето на израелско-палестинскиот конфликт.
Палестинците сакаат источниот дел од градот, кој моментално е под израелска окупација, да биде главен град на независна палестинска држава во границите од 1967 година.








