Индија се соочува со голем дипломатски конфликт со муслиманските земји, откако највисоките функционери на владејачката партија во земјата упатија навредливи зборови за Пејгамберот Мухаммед с.а.в.с, а експертите во понеделникот рекоа дека последиците може да ги нарушат односите на јужноазиската земја со нејзините исламски народи.

Нупур Шарма и Навин Џиндал, истакнати портпароли на партијата Бхаратија Џаната на премиерот Нарендра Моди, го навредуваа исламот и Пејгамберот Мухаммед с.а.в.с, во различни прилики, предизвикувајќи гнев кај муслиманите во Индија и во светот.

БЈП ја суспендираше Шарма и го протера Џиндал, по хорот на дипломатски гнев од исламските земји и институции, и Организацијата за исламска соработка, бидејќи гневот избувна на социјалните мрежи и се појавија повици за бојкот на индиската стока.

Контроверзните забелешки произлегоа од зголеменото насилство врз индиското муслиманско малцинство, кое сочинува околу 13 отсто од 1,35 милијарди луѓе во Индија, од страна на хинду националистите, кои беа охрабрени од редовниот молк на Моди, за таквите напади откако ја презеде функцијата во 2014 година.

Додека критиките на муслиманските земји се интензивираа во текот на викендот, експертите велат дека меѓународната позиција на Индија, особено во Заливот, е под закана.

„Владата на Индија требаше да види што доаѓа и проактивно да ја спречи сета оваа пропаганда, политика и активности на омраза. За жал, владејачката партија го промовираше тоа“, рече Судхендра Кулкарни, политички активист и поранешен советник на поранешниот премиер на БЈП, Атал Бехари Ваипаје.

„Не БЈП, туку земјата ќе ја сноси цената на антимуслиманската политика.“

Надворешната политика на Индија, под Моди, им даде приоритет на односите со арапските држави и блиските врски што ги ужива се важни за оваа јужноазиска земја, вклучувајќи го увозот на нафта и дознаките добиени од земјите од Персискиот залив, бидејќи околу 4 милиони индиски граѓани работат во регионот, испраќајќи над 80 милијарди долари годишно.

„Поради сите овие причини, Индија не може да си дозволи арапскиот свет да има лутина на Индија“, изјави експертот за надворешна политика Манои Џоши, кој е поврзан со Истражувачката фондација „Delhi Observer“.

Односите на Индија со арапскиот свет минуваат низ „златна фаза“, рече Меена Синг Рои, која раководи со Центарот за Западна и Централна Азија во фондацијата „Tilotama“.

„Не треба да правиме ништо за да го избркаме од колосек“, изјави таа.

Санџај Капур, главен уредник на политичкото списание „Hard news“, го повика раководството на нацијата да преземе акција.

„Имиџот на Индија е сериозно нарушен и тоа е нешто што не може да се поправи преку дипломатија, туку преку корективни мерки на политичкото раководство во Индија“, изјави Капур.

Индиската влада допрва треба да ги коментира п на арапските земји, но Министерството за надворешни работи во понеделникот рече дека изјавата на ОИК за ова прашање е „неоправдана“ и „теснограда“, додека индиските амбасади во Катар и Доха објавија изјави искажувањето ставови за Пејгамберот Мухамед с.а.в.с и исламот не ги одразуваат ставовите на Њу Делхи.

БЈП рече дека забелешките „не се во согласност со идеологијата што ја претставува БЈП“.

„БЈП не верува во непочитување на почитуваните личности од која било религија, изјави портларолот Судеш Верма.

Бидејќи третманот на муслиманските малцинства во земјата беше „прашање на голема загриженост за луѓето“, поранешниот индиски министер за надворешни работи Јашвант Синха рече дека најновата контроверзност може да го отвори патот за промени.

„Огромното мнозинство луѓе не го одобруваат ова, а сега кога има реакција во странство, овие луѓе ќе станат повнимателни“, изјави Синха.

Рахул Ганди, лидер на главната индиска опозициска конгресна партија, на „Twitter“ напиша дека акциите на владејачката партија ја ослабуваат земјата на глобално ниво.

„Срамната нетрпеливост на БЈП не само што не изолираше, туку ја поткопа и глобалната позиција на Индија“, рече Ганди.