Над илјада текстилни работнички земале плата помала од минималната

0
335

Над илјада текстилни работнички поднеле пријави преки невладината организација „Гласен текстилец“ дека земале помала плата од минималната со закон утврдена 18 илјади денари. Станува збор за седум текстилни компании од источниот регион кои на вработените им испплатиле помала плата, вели претседателката на невладината Кристина Ампева. Таа објаснува дека на нивните трансакциски сметки легнале плати во износ од 16 илјади денари. Таа додава дека овие податоци се собрани само за изминативе пет дена.

„На овие вработени не им се исплатени нити додатоци на плата. Засега овие бројки се мали, но пријави се уште пристигнуваат, работиме на нив, ги комплетираме и потоа ќе ги доставиме до Инспекторатот за труд,“ вели Ампева. 

Таа забележува дека поради владините субвенции за минималецот во одредени фирми и супермаркети им доцни платата на реботниците. Ампева се чуди како низ државниот систем поминува исплата на плата под минималец и тоа за редовно работење.


„Radio Slobodna Evropa“