Поранешниот премиер Имран Кан изјави дека земјата тргнува во нова „борба за слобода“ и го нарече неговото соборување „промена на режимот поддржан од САД“. Масовни демонстрации во неделата потресоа неколку пакистански градови, вклучително и главниот град на земјата, Исламабад, а илјадници луѓе излегоа на улиците за да му изразат поддршка на соборениот премиер Имран Кан.

Тој беше сменет од парламентот на земјата во саботата со успешно гласање за недоверба. Кан го критикуваше гласањето како операција за промена на режимот поддржана од странски земји. „Никогаш во нашата историја таква толпа не излезе толку спонтано и во толкав број, отфрлајќи увезена влада предводена од крадци“, напиша Кан на Твитер, споделувајќи снимки од протестите.

Претходно истиот ден, Кан ги повтори своите обвинувања против Соединетите држави, обвинувајќи го Вашингтон за неговата смена и ја нарече операција „промена на режимот“ чија цел е да се доведат на власт „група податливи крадци кои сите биле поткупени“. Поранешниот премиер, исто така, рече дека земјата влегува во нов период на „борба за слобода“ со пакистанскиот народ кој ги штити „суверенитетот и демократијата“ од „промена на странски заговор“. Претходно политичарот тврдеше дека има видео добиено од пакистанскиот амбасадор во Вашингтон, кое ги докажува овие наводи. Соединетите Држави категорично ги отфрлија ваквите наводи, негирајќи каква било вмешаност во пакистанските настани. Пакистанското национално собрание му изгласа недоверба на Кан со 176 од 342 пратеници кои гласаа за предвремено завршување на неговиот мандат. Партијата ПТИ практично го загуби парламентарното мнозинство во март, откако седум пратеници од нејзината коалициска партија се приклучија на опозицијата. Пакистанскиот парламент в понеделник ќе одржи гласање за избор на нов премиер.