Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вели дека дека ja oткажал седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните, закажана од нејзиниот претседател, пратеникот Халил Снопче, бидејќи нејзиното закажување не било во склад со Деловникот.

На дневниот ред на оваа седница имаше точки за пожарот во тетовската модуларна болница, автобуската несреќа во Бугарија, како и за состојбата во Министерството за одбрана.

Џафери вели дека не штити никого за овие случаи, а на надлежните органи и институции е да констатираат кој и каква одговорност има за тие настани.

Спикерот образложи дека Снопче требал да побара информација од МО, да почека таа да му биде дадена и потоа да ја достави на разгледување во Собранието. Со оглед дека тоа не го направил, Снопче не ги испочитувал процедурите и затоа тој како претседател на Собранието, а врз основа на овластувањата од членот 60 од Деловникот ја донел одлуката за отповикување на закажаната собраниска Комисија.

Покрај информацијата за МО, за пожарот во модуларната болница во Тетово и автобуската несреќа во Бугарија, не можело да се расправа во собранието, затоа што тие сè уште се во истражна или судска постапка, рече Џафери.

Вчера пратеникот и претседател на Постојаната анкетна комисија Халил Снопче го обини Џафери дека незаконски и неделовнички ја откажал седницата на оваа Комисија, а реагираа и семејствата на жртвите од несреќата во Бугарија.


„Slobodn pecat“