Се постапува на локациите кај Универзитетот Американ Колеџ – Скопје, трговскиот центар Капитол и околу Железничката Станица
Екипи на ЈП „Лајка“ деновиве во рамките на пролетната акција, заловуваат бездомни кучиња на неколку локации во Општина Аеродром.
– Во соработка со општина Аеродром, заловувачките екипи на ЈП „Лајка“ оваа недела ќе постапуваат на одредени локации во оваа скопска општина од каде најмногу имаме добиено пријави од граѓани. Се постапува на локациите кај Универзитетот Американ Колеџ – Скопје, трговскиот центар Капитол и околу Железничката Станица – информираат од ЈП „Лајка“.
Од ова јавно претпријатие објаснуваат дека, сите заловени кучиња ќе бидат згрижени во прифатилиштето на ЈП „Лајка“, каде според однапред утвдрен начин на работа ќе го поминат целиот хуман третман.
„Sloboden pecat“










