Побарувачката расте бидејќи светот полека излегува од пландемијата Ковид-19, која сериозно ја ограничи способноста на рестораните да работат, но исто така ги охрабри потрошувачите да го променат изборот на храна и операторите нивните деловни модели.
Операторите на индонезиските халал ресторани очекуваат зголемување на побарувачката од најмалку 30% за време на Рамазан во споредба со остатокот од годината.
Р. Мухамед Сухерман, претседател на Индонезиско здружение на Халал готвачи , за „Salaam Gatway“, изјави дека за време на глобалната пландемија Ковид-19, однесувањето на потрошувачите се променило така што поздравата и халал храна сега е на прво место.
„Во другите месеци надвор од Рамазан, побарувачката падна од 80% на 50% во зависност од владината политика за социјални ограничувања, но видовме постојан пораст за време на Рамазан во последните две години – околу 30%,“ рече тој, додавајќи дека рестораните исто така ги променија своите деловни модели, за да се приспособат на ограничувањата.
Тој рече дека операторите вовеле креативни иницијативи за да ги надоместат загубите на нивните капацитети.
„Сè уште има потрошувачи кои се премногу внимателни да ги напуштат своите домови и загрижени за поради Ковид-19. Со овој ниша пазар, операторите на ресторани веќе се запознаени со обезбедувањето услуги директно до нивните домови; исто како и кетеринг пакетот, но со помали количини кои порано беа најмалку 50 луѓе, а сега се сведени на единечни или двојки“, додаде Сухерман.
„Dubai-Portal“









