Кримските Татари, принудени да ја напуштат Украина по рускиот напад, евакуирани се од страна на Министерството за надворешни работи на Турција, по што сместување им е обезбедено во турскиот град Киркларели, јавува Агенција Анадолија (АА).
Екипите на турската Црвена полумесечина за 120 деца сместени во интернат организираат активности со цел да им ги намалат последиците од воените трауми.
Серап Атеш, координаторка на програмите за деца, за Агенција Анадолија (AA) изјави дека организираат активности за децата од семејствата евакуирани од Украина.
Истакнувајќи дека минуваат пријатно со децата, Атеш рече, „Спроведуваме активности со децата сакајќи да им помогнеме да ги надминат траумите од војната до одреден степен и да им придонесеме во нивниот процес на адаптација. Децата беа многу затворени во себе кога пристигнаа. Забележавме дека нивната самодоверба се зголемува додека учествуваат во активностите. Не можеме да го зборувавме истиот јазик со децата, но ги надминавме сите тешкотии со јазикот на љубовта. Нашата комуникација е навистина многу силна.“










