На крајот на 2021, еднаипол година по усвојувањето на ревидираната методологија за пристапување, чија цел, според зборовите од Брисел, е покредибилен, попредвидлив и подинамичен процес на евроинтеграции на земјите од Западен Балкан, вкупниот постигнат резултат за регионот: отворање на еден кластер во преговорите на Србија со ЕУ.
Словенија, на крајот на своето претседавање со Советот на ЕУ, како важен резултат во областа на политиката на проширување, а која им беше еден од приоритетите, ја наведува и „повторената европска перспектива на регионот“ на октомврискиот самит на Брдо кај Крањ, како и усвојувањето на годишните заклучоци на Советот за проширувањето.
„Со усвоените заклучоци на Советот на ЕУ испративме важна порака за целиот регион. Во прашање е наше директно соседство и затоа проширувањето е од стратешка важност за ЕУ“, изјави словенечкиот државен секретар Гашпер Довжан.
Меѓутоа, ако се земе во обѕир целосната стагнација на процесот на проширување во последните две години, на што претходеше период на макотрпно развлекување на процесот меѓу недоволни реформи од една и недоволна политичка спремност од друга страна, тогаш крајот на 2021 година може да се смета за плинска ламба која едвај свети.
Неизвесност за Северна Македонија и Албанија
Гледано на хартија, заклучоците на Советот на ЕУ покажуваат дека Северна Македонија и Албанија имаат најмногу позитивни оценки од сите соседи кога станува збор за реформските агенди – наредок во областа на владеење на правото и ускладување со заедничката ЕУ и безбедносна политика. Без оглед на тоа, и Скопје и Тирана и оваа година „останаа на клупата“ на евроинтеграции поради неможност на ЕУ да се договори околу условите за отворање пристапни преговори.
Повеќе на:dw.de









