Tuesday, July 28, 2026
Home Руско-украинска војна Зеленски: „Верувајте ми, aко нас не нема повеќе следни ќе бидат Летонија,...

Зеленски: „Верувајте ми, aко нас не нема повеќе следни ќе бидат Летонија, Литванија, Естонија“

148
0

Украинскиот претседател Володомир Зеленски денеска го повика Западот да ја зголеми воената помош за Украина.

„Ако немате моќ да го затворите небото, тогаш дадете ни авиони, изјави Зеленски на денешната прес-конференција.

„Ако нас не нема повеќе, не дај Боже, тогаш следни ќе бидат Летонија, Литванија, Естонија“, рече тој и додаде: „Верувајте ми“

Инаку во моментот се води втората рунда на преговори меѓу Москва и Киев, потврдија Украинската делегација и белоруското Министерство за надворешни работи.

Михаил Подолјак, советник на шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави фотографија од преговарачката маса.

„Почнуваме преговори со руските претставници“, напиша Подолјак на Твитер.


„Nova Tv“