Меѓународната теквондо федерација (ИТФ) му го одзеде црниот појас на рускиот претседател Владимир Путин поради воената операција во Украина. ИТФ објави и дека нема да одржува спортски натпревари во Русија и Белорусија. „Таеквондо федерацијата најостро го осудува бруталниот напад врз цивилите во Украина, што е спротивно на принципите на федерацијата „Мир над триумфот“, се вели во соопштението.
ИТФ соопшти дека спортистите нема да можат да се натпреваруваат под националните знамиња на Русија и Белорусија. Исто така, за време на натпреварот нема да се изведуваат руската и белоруската химна. На Владимир Путин му беше доделен почесен црн појас во ноември 2013 година. Овој појас му ја даде на претседателот титулата Голем мајстор. Пред таеквондо, Путин остана без почесното место претседател на Меѓународната џудо федерација.










