Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова им се закани на Финска и Шведска. Во соопштението објавено од руското Министерство за надворешни работи на Твитер, таа рече дека приемот на Финска и Шведска во НАТО ќе има многу сериозни воени и политички последици.

„Сметаме дека посветеноста на финската влада на воената политика на неврзаните е важен фактор за обезбедување безбедност и стабилност во северна Европа. Приклучувањето на Финска и Шведска во НАТО би имало сериозни воени и политички последици“, рече Захарова во своето обраќање.

Руската закана доаѓа откако шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска објави дека ги поканил Финска и Шведска, кои не се членки на воената алијанса, на вонреден виртуелен самит на кој ќе се разговара за руската инвазија на Украина.


„Sloboden pecat“