Официјални лица од Обединетите Арапски Емирати дадоа одобрение за реемитување на турски серии, кои претходно беа забранети за прикажување. Односите меѓу Турција и ОАЕ започнаа нова ера, која вроди со плод. Откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган беше во официјална посета на ОАЕ, беа потпишани 13 договори. Поради тоа турските серии, кои претходно беа забранети поради лошите односи меѓу двете земји, од вчера почнаа да се емитуваат на ТВ програми и на интернет платформи.

Yeni Safak