Откако изгледаше дека расправата за Делчев малку стивна во концептот за иднината, минатото се врати со сета своја сила, како друго да не постои. Пишува Љупчо Поповски.
Прво, еден мал политички образец – или поука – за демократијата. И независноста на политичкиот ум.
Британскиот премиер Борис Џонсон, е во ужасна, дури и мрачна ситуација, околу неговата политичка иднина на чело на владата. Забавите во седиштето на владата, Даунинг стрит 10, за време на најтешките карантини во пролетта 2020 го уништија неговиот морален углед во јавноста и тој на сите можни начини се обидува да остане на власт и да го врати авторитетот. Во четвртокот (3.02) тркалата на неговиот автомобил почнаа буквално да се откачуваат во форма на оставките на врвни помошници. Четири во еден ден. Меѓу нив е и неговиот шеф на кабинет, директорот за комуникации. Но најстрашната од нив е онаа на Мунира Мирза, шеф за политика. Мирза со Џонсон е 14 години, уште од времето кога беше градоначалник на Лондон. Своевидно негово алтер его.
Мирза не поднесе оставка поради забавите во градината и собите на Даунинг стрит 10, туку поради навредата што Борис Џонсон ја упати кон лидерот на опозицијата, лабуристот Кир Стармер. Се работи за случајот на неверојатно познатата и влијателна телевизиска личност Џими Севил за кого една година по смртта (почина во 2011 година) почнаа да испливуваат страшни детали дека бил апсолутен секс-предатор. Дека злоупотребил 300 жртви (најголем број од нив девојки во детска возраст) и дека постоело наводно прикривање од полицијата и истражните органи.
Џонсон, најден во небрано поради нападите од сите страни (вклучително и од неговата партија) се обиде на почетокот од неделава да најде спас во тоа што ќе го обвини Стармер. Како одговор на истрагата на Скотланд јард за неморалните забави во една жестока размена на зборови во парламентот Стармер ги повика конзервативците да „стават крај на оваа фарса“ и да го соборат Џонсон.
Повеќе на:DW










