АЛ-КУДС (АА) – Премиерот на Израел, Нафтали Бенет, ќе престојува во прва официјална посета на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Кабинетот на израелскиот премиер соопшти дека Бенет денес ќе отпатува за Абу Даби, каде што ќе оствари средба со престолонаследникот Мухамед бин Зајед ал Нахјан.

Бенет треба да се состане со престолонаследникот утре.

На состанокот би требало да стане збор за унапредувањето на односите, кога се во прашање регионалните прашања, но и за економијата, што ќе придонесе за стабилноста и благосостојбата на двете земји.

Израел и ОАЕ на 15 септември 2020 во Белата куќа, САД, постигнаа договор за нормализација на односите.

Anadolu Agency