АНКАРА (АА) – Турскиот министер за трговија, Мехмед Муш, денеска изјави дека Турција извозот на достигнал највисоко ниво во историјата со 21,5 милијарди долари во ноември, што е зголемување за 33,4 отсто од претходната година, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Турскиот извоз во периодот од јануари до ноември изнесуваше 203,1 милијарда долари, надминувајќи го нивото пред пандемијата“, изјави Муш на прес-конференција во Анкара, на која ги откри прелиминарните податоци за надворешнотрговската размена на земјата за последниот месец.

Во ноември, увозот во земјата се зголеми на 26,8 милијарди долари, што бележи годишен пораст од 26,7 отсто, додека оваа бројка забележа пораст од 22,9 отсто на 242,3 долари во периодот јануари – ноември во споредба со истиот период минатата година.

„Соодносот на покриеноста на извозот со увозот во ноември достигна 80 отсто, што е за 4 процентни поени повеќе од истиот месец минатата година“, рече министерот Муш, додавајќи дека соодносот е забележан на 101,2 отсто, без енергетиката.

Anadolu Agency