Швајцарските гласачи денеска на референдум ќе одлучат дали да го поништат воведувањето на ковид сертификатот што во моменов им е потребен за докажување на вакцинација, заздравување од Ковид-19 или негативен тест.

Граѓаните против ковид потврдата со петиција ги принудија властите да се оди на гласање. Тие се спротивставуваат на овој документ за влез на настани или во ресторани, кажувајќи дека тоа ќе ја подели државата и индиректно ќе ги принуди луѓето да се вакцинираат.

Tv 21