Во провинцијата Едрене, северозападна Турција, обновена е џамија од периодот на османлискиот султан Мехмет II (Фатих), кој го освоил Истанбул во 1453 година. Џамијата „Енез Фатих“.

Во југоисточниот дел од објектот е подигнат михраб (ниша што го означува правецот на Мека), а на запад – минбар. Покрај тоа, подигнато е и камено минаре. Во 18 век, џамијата била постојано обновувана, а како резултат на земјотресот во 1965 година била сериозно оштетена.

Управата на турските исламски фондации во 2015 година ја вклучи џамијата Енез Фатих на списокот на културни места што треба да се обноват.










