Најголемата светска криптовалута, Биткоинот, според пазарната вредност, денеска падна под нивото од 60.000 долари – првпат од 1 ноември, а голем пад доби и Етерумот, пишува „Sputnik“, пренесува „Dubai-Portal“.

Биткоинот, кој минатата недела забележа историски рекорд од 69.000 долари по монета, падна на 58.600 долари, најниско ниво во последните 19 дена, а според најновите достапни податоци, паѓа за околу 7,0 отсто на дневна основа.

Изгуби околу 14 отсто од својата вредност во споредба со минатонеделниот рекорд, објави „Ројтерс“ „Reuters“.

Етерум, втората по големина криптовалута во светот, исто така падна на најниско ниво во последните 19 дена, паѓајќи за околу 9,7 отсто од претходниот ден на 4.109,03 долари.

Доколку остане така до крајот на денот, тоа ќе биде најголемиот дневен пад за двете криптовалути од септември, пренесе „Tanjug“.


„Sputnik“
„Dubai-Portal“