Фудбалерите на Челзи го совладаа тимот на Малме во рамките на четвртото коло од Групата Х. За разлика од претходниот меч (4:0) англискиот тим во реваншот славеше со минимален резултат на гостувањето во Шведска.
Гостите веднаш покажаа иницијатива. Хаверц додаде до Зијеш, но голманот на домаќините добро ја прочита намерата и ја сочува мрежата.
Во судиското надополнување од првиот дел Пења испрати долго додавање кон Чолак, меѓутоа играчот на Малме не беше добро позициониран. Ова воедно беше и најдобрата шанса за Малме.
Првите 45 минути завршија без голови, иако Челзи имаше повеќе шанси за водство. По враќањето на теренот, гостите веднаш тргнаа во офанзива. Лофтус-Чик шутираше од работ на шестнаесетникот по средината од голот, но Далин уште еднаш го спаси својот гол.
Само две минути подоцна, Одои додаде топка во казнениот простор каде беше и Зијеш, кој шутираше во долниот лев агол и погоди за 1:0.
Иако имаше минимална предност, Челзи апсолутно ја контролираше играта.
Sportclub









