Баерн убедливо ја совлада Бенфика со 5:2 во една од најголемите голеади оваа сезона, во Лигата на шампионите.
Стрелци за Баерн беа Роберт Левандовски во 26., 61. и 84., Серж Гнабри во 32. и Лерој Санe во 49. минута.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=u50Zg5nrYhw[/embedyt]
Голот на Гнабри е неверојатен, со петица, за паметење, еден од најубавите сезонава во Лигата на шампионите :
Головите за Бенфика ги постигнаа Морато во 38. минута и Дарвин Нуњез во 77. минута.
Баерн е прв на табелата со максимален број на бодови, Барселона е втора со шест, Бенфика е трета со четири, а Динамо е четврти со еден бод.
Победата на Барселона против Динамо од Киев ја донесе Ансу Фати со гол во 70. минута.
Во следното коло Барселона ќе ја пречека Бенфика, додека Баерн му гостува на Динамо.










