Денеска ФИФА ја објави најновата ранг-листа на фудбалски репрезентации, известува Агенција Анадолија (АА).

Врз основа на резултатите постигнати на натпреварите одиграни во рамките на квалификациите за Светското првенство 2022 во Катар во текот на октомври, ФИФА ја објави најновата ранг-листа на фудбалски репрезентации.

Репрезентацијата на Северна Македонија, со победата над Лихтенштајн како гостин од 0:4 и поразот од Германија на домашен терен од 0:4 остана на 74. место на ранг-листата на ФИФА со 1343,19 бода, 2,28 бода помалку од последната ранг-листа.

Репрезентацијата на Турција, благодарение на нерешениот резултат против Норвешка од 1:1 и победата над Летонија од 2:1 го зазеде 39. место, искачувајќи се две места на ранг-листата.

Белгија го продолжи своето лидерство на листата. Второпласирана е репрезентацијата на Бразил, а Франција по победата над Шпанија од 2:1 се искачи на третото место. Четвртопласирана на листата е Италија, Англија се најде на петтото место, а Аргентина, шампионот на Копа Америка, е шестопласирана.

Најголем скок од 10 места направија Индонезија и Нов Зеланд.

Следното објавување на ранг-листата на ФИФА ќе биде на 25 ноември.

Распоредот на првопласираните 10 репрезентации на ранг-листата на ФИФА:

Ранг-листата на првите 10 репрезентации:

Место Репрезентации Бодови Промена на место
1 Белгија 1.832
2 Бразил 1.820
3 Франција 1.779 +1
4 Италија 1.750 +1
5 Англија 1.750 -2
6 Аргентина 1.738
7 Шпанија 1.687 +1
8 Португалија 1.681 -1
9 Мексико 1.672
10 Данска 1.668

Ранг-листата на фудбалските репрезентации од Балканот:

Место Репрезентација Бодови
18 Хрватска 1.608,84
25 Србија 1.527,34
39 Турција 1.460,53
47 Грција 1.434,83
56 БиХ 1.414,92
63 Албанија 1.374,33
64 Словенија 1.364,96
70 Бугарија 1.350,11
73 Црна Гора 1.346,19
74 Македонија 1.343,19
113 Косово 1.161,19

 


„Anadolu Agency“