Утре со почеток во 18.30 часот ( 10.10.2021 год. – недела ) во просториите на Здружението „Толеранца“ во Лабуништа, кандидатот за градоначалник на Општина Струга г-динот Самир Муртезоски ќе оствари средба (граѓански собир) со жителите на оваа населба, јавува „Dubai-Portal“
Според известувањето испратено до нашата редакција, Муртезоски нѐ извести дека на средбата ќе учествува претседателот на ДПА, г-динот Мендух Тачи, Јетмир Мазари носител на советничката листа и Ерхан Велиоски кандидат на советничката листа.
Како што накратко нѐ извести на средбата е предвидено да се разговара за моменталните проблеми со кои се соочуваат Лабуништани, како и жителите на останатите населби, тргнувајќи шпред се од инфраструктурните, и оној најгорливиот депонијата, за отпад која постојано ја загадува оваа населба и предизвикува опасност по здравјето на жителите.
„Исто така ќе издвојам време и да ги слушнам и останатите проблеми од Лабуништани и помогнам во рамките на моите можности“, стои во краткото известување испратено до редакцијата на „Дубаи Портал“.
На средбата предвидено е свое видување на моменталната состојба во дражата да изнесе и претседателот на ДПА, г-динот Мендух Тачи.
„Dubai-Portal“









