Радио „Монте Карло“ се вклучи во приказната која трае веќе неколку дена. Од Мадрид пристигна информација дека Флорентино Перез сака да го ангажира Килијан Мбапе, по што бесно реагираа од Париз.
ПСЖ верува дека ќе го задржи Мбапе со понуда со која ќе го направи најплатен фудбалер во светот, но и тоа ќе биде договор на само неколку години.
На таков начин, Мбапе не би останал врзан во тимот, туку можеби ќе игра уште две сезони за огромна плата во екипата со Лионел Меси и Нејмар.
„Supersport“










