Стотици граѓани останаа непопишани на пописот кој заврши пред три дена.
Заменик-директорот на Државен завод за статистика, Иљми Селами во интервју за ТВ21 вели дека некои граѓани од една или друга причина одбиле да се попишат.
Селами објаснува што ќе се случи со непопишаните и зошто одреден број луѓе не ги примиле попишувачите.
-Господине Селами, пописот на населението заврши. Што ќе се случи со оние граѓани кои не успеаа да се попишат?
„За пописот да биде успешен има еден одреден степен за можност да дојде до грешки. 2.5 е можноста за грешки. Во овој случај во Република Северна Македонија луѓето кои останаа непопишани се мерат во промили, односно нивниот број не е ни 1%. Најпрвин станува збор за луѓе кои бојкотираа, не сакаа да се попишат, имајќи ги предвид сите повици за бојкот од политичките партии и други групи на интерес. Во втората група спаѓаат оние кои немаа храброст да кажат – да ние бојкотираме, бидејќи треба да се има предвид дека бојкотот е кривично дело и одреден број граѓани се плашеа од тоа. Сакаа да бојкотираат но тајно, не сакаа да ја отворат вратата. Трета категорија се луѓе кои реално не беа дома, или биле вон државата, или на одмори, односно кога попишувач отишол да ги попише, не ги нашол во нивните домови. Како решение за ова, ние понудивме опција да можат да одат и самите да се попишат во пописните центри низ општините. Четвртата категорија се состои од неколку луѓе кои беа лошо информирани, исплашени и незаинтересирани, мислејќи дека попишувачот е извршител, дека ги евидентираат за вакцинација, дека се луѓе од Управата за јавни приходи или од разни инспекции. Поради разни причини и стравови, ова се категории на луѓе кои едноставно не сакаа да се попишуваат. Им објаснуваме дека е законска обврска, дека Законот за пописот е за доброто на сите, и дека пописот не е чин поврзан со другите права, односно дека не одзема и не додава други права Едноставно пописот е статистичка операција за прибирање информации и ниту еден личен податок ниту се дава, ниту се користи понатаму. Но, и покрај тоа одбија да се попишат. Имајќи ги предвид сите овие работи, ние одлучивме дека и ако го продолжевме рокот за пописот, овие луѓе повторно немаше да се попишат, но и доколку се попишеа ќе беше многу мал број кој немаше да влијае врз конечните бројки од пописот“.
-Дали можете накратко да ни објасните околу нивното учество во вкупниот број на населението, согласно кои податоци и кои нивни податоци ќе недостигаат во пописот?
„Станува збор за 1.000 луѓе. За да ви биде појасно, кога попишувачот доаѓа кај вас, ви ги поставува сите прашања по ред од прашалникот, а вие одговарате. Значи, таму каде што имаме податоци, за тие лица, тие податоци се вметнуваат како податоци земени од дата базата, базата на податоци, додека податоците кои се однесуваат на етникумот, религијата, јазикот кој го користат дома итн., за жал ќе останат непополнети, бидејќи реално така е. Значи, ќе има граѓани кои не учествувале во Пописот, а постојат тука. И зошто се прави ова? Повторно се навраќам. Значи, ова е статистика, јасна слика за луѓето, за да се направат планови, колку луѓе имаме, сега, 1000 луѓе кои живеат во Република Северна Македонија кои не се опфатени со Пописот, и не се малку за одредени пресметки, планови за економијата, образованието итн., но повторно ќе речам, тие ќе бидат посебен дел надвор од пописот, нема да бидат опфатени со пописот, но ќе биде наведено дека тие постојат, ќе бидат евидентирани како граѓани кои се во Република Северна Македонија но не учествувале во пописот, но постојат како такви во државата“.
-Можете ли да ни објасните накратко за делот каде што се регистрирани 1 милион и 800 илјади жители, а е ист толкав бројот со право на гласање.
„Листата на гласачи е дел кој се однесува на луѓето кои имаат државјанство и следствено на тоа добиваат и право на глас, да гласаат и да бидат гласани. Ова е едниот дел. Кога добивате државјанство, добивате и право за гласање. Сега, вие како гласач, дали ќе одлучите да живеете во Република Северна Македонија или ќе одлучите да живеете надвор, дали ќе одлучите да се попишете, итн., тоа е ваше право кое ќе го искористите на ваш начин. Доаѓаме до следново. Значи пописот е чин кој што нема врска со листата на попишани, пописот создава слика за тоа колку од овие државјани се, живеат во Република Северна Македонија, колку од тие државјани кои се на листата на гласачи, и не се сите опфатени на листата на гласачи, ги имате само тие со право на глас од 18 години нагоре, додека тие под 18 години, кои се малолетни,, не се на листата на гласачи. Пописот ги опфаќа и нив., тие кои живеат тука, потоа пописот ги опфаќа и странските државјани кои се над 19 месеци во Република Северна Македонија, пописот опфаќа и странски државјани кои се и под 18 месеци во Република Северна Македонија, пописот ги опфаќа и граѓаните без државјанство во РСМ, за кои секогаш сме кажувале дека се олку или онолку, пописот ќе покаже колку се државјани. Значи тука се неколку категории кои се опфатени со пописот, за да се има јасна слика колку живеат во РСМ, колку ќе го искористат правото на глас, врз основа на регистарот што е друго прашање, административна евиденција што ја прави администрацијата за внатрешни работи заедно со државната изборна комисија, тоа е друго прашање“.
Tv „21“










