Потсетување дека Реал Мадрид во шестото коло од најсилната шпанска „Ла Лига“ со убедливи 6:1 ја совлада екипата на Мајорка.
Повторно во центарот на вниманието се најде играчот на „кралскиот“ клуб, Карим Бензема кој испишува историја во фудбалска Шпанија.
Францускиот напаѓач со два гола и две асистенции стигна до директно учество во 15 гола (осум гола и седум асистенции) со Реал во првите шест кола од „Ла Лига“, што е најдобар старт во овој сегмент што некој играч успеал да го оствари во елитниот ранг на шпанскиот фудбал во новиот милениум.
🏟️ 6 games.
😱 𝟭𝟱 𝗚𝗢𝗔𝗟 𝗖𝗢𝗡𝗧𝗥𝗜𝗕𝗨𝗧𝗜𝗢𝗡𝗦.@Benzema has participated in a goal every 35 minutes so far this season! 🔥#LaLigaSantander pic.twitter.com/1yqrSyrItx— LaLiga English (@LaLigaEN) September 22, 2021
Покрај тоа, Бензема го постигна својот 200 гол во најсилното шпанско првенство, со што стана само 10 играч во историјата што го постигнал тоа достигнување.
Моментно на табелата во шампионатот водат фудбалерите на Карло Анчелоти со 16 бодови, пред градскиот ривал Атлетико кој има 14.
Во листата најдобри стрелци сезонава во „Ла Лига“ лидер е Бензема со осум голови, пред неговиот клупски колега Винисиус Јуниор кој има пет.









