На работа или дома новмално е во некој момент да ве „фати“ замор, особено после некоја тешка и комплицирана задача или неколку часа минати на состанок. Сепак, ви треба енергија, затоа што ви останува уште многу работа.
Одвојте десетина минути за ужина, изедете нешто од овој список и ќе бидете како „нови“.
Риба – ќе ви го намали крвниот притисок, а редовно јадење риба може да го намали ризикот од Алцхајмер и артритис. Освен тоа омега-3 ќе ја поттикнат работата на мозокот и меморијата.
Јаткасти плодови – најдобар избор се бадемите кои го подобруваат општото здравје, но и она што е најважно – концентрација. Но и другите плодови како ореви, лешници…
Бобинки – познато е дека одлично делуваат на крвотокот и на здравјето на организмот, но бобинките и боровинките имаат голема улога и во дорбата меморија
Соја – производите од соја содржат ниво на триптофан и серотонин кои директно се поврзани со подобрување на функцијата на мозокот. Јадете два пати неделно.








