Истражувачи од универзитетот „Едит Коуан“ (ЕКУ), од Западна Австралија, откриле дека само две порции овошје на ден го намалуваат ризикот од развој на дијабетес тип 2, за дури 36 проценти, пишува „Nova“, пренесува „Dubai-Portal“.
„Во оваа студија, ние докажавме поврзаност помеѓу внесувањето овошје и подобрата чувствителност на инсулин“, рече авторот на студијата, д-р Никола Бондоно, што значи дека испитаниците кои конзумирале повеќе овошје морале да надоместат помалку инсулин, за да ја намалат гликозата во крвта.
Според д-р Бондоно, ова откритие е особено важно затоа што високото ниво на циркулирачки инсулин (хиперинсулинемија) може да ги оштети крвните садови и, покрај дијабетесот, се поврзани и со висок крвен притисок, дебелина и многу срцеви заболувања, пренесува „N1„.
„Многу луѓе погрешно веруваат дека луѓето со дијабетес треба да избегнуваат овошје, но оваа студија го докажа спротивното“, вели д-р Бондоно, додавајќи дека овошјето е одлично за намалување на ризикот од дијабетес, бидејќи содржи многу растителни влакна и природен шеќер.
Сепак, предупредува таа, луѓето кои страдаат од дијабетес треба да обрнат внимание на внесувањето на суво овошје и разни овошни сокови, бидејќи тие се многу поконцентрирани извори на шеќер од самото овошје.
„Овошниот сок е често само концентриран шеќер без влакна и во организмот често реагира исто како и газираните пијалоци полни со шеќер“, објасни диететичарот од Медицинскиот центар UCLA, д-р Дина, Елиз Хунес, за „Health line“.
Иако, вели таа, тие се малку поздрави од газираните пијалоци, овошните сокови се со хранлива вредност поблиску до нив од овошјето, кое содржи многу микроелементи.
„Дијабетес тип 2 може да се спречи или одложи со промена на начинот на живот“, потсети д-р Елисе, која препорачува намалување на телесната тежина и значително зголемување на физичката активност на сите со оваа состојба.
„Nova“
„Dubai-Portal“









