Стадион Паркен во Копенхаген Хрватите тргнаа со целосна офанзива и желба за пласман против репрезентацијата на Шпанија. Коке успеа да дојде до голот, но неговиот удар со нога го сопре голманот Ливаковиќ.
Напорите на коцкестите се исплатија кога одбиената топка од ногата на голманот Симон заврши во неговата мрежа за водство на Хрватска од 1-0 во 20-тата минута. Педри од средината на теренот врати една топка до голманот, кој направи ужасна грешка и дозволи топката да му се одбие од ногата и да се истркала во неговата мрежа. Им требаше време на Шпанците да се соземат од смешниот автогол.
Пабло Сарабија успеа во 38-таа минута да го израмни резултатот, по што Шпанците ја засилија одбраната, но и нападот. Во 44-тата минута, Симон не дозволи повторно да биде изненаден, овојпат од Ребиќ.
Во второто полувреме, почна со офанзиви од двата тима. Шпанците дојдоа до водство со голот со глава на Аспиликуета. Шпанците имаа можност за трет гол, кој брзо беше поништен заради офсајд. Тензиите се зголемија и во двата тима, па судијата мораше и да реагира, но и да упати реакција поради фрлање на пластични шишиња на теренот од страна на хрватските навивачи.
Хрватите не се откажаа од намерата да дојдат со израмнување, но и да го сочуваат сопствениот гол. Но, не им појде од рака, кога Феран Торес трет пат ја затресе мрежата на Ливаковиќ за 3-1. Во 85-тата минута Оршиќ успеа да го намали резултатот. Крамариќ не успеа да ја израдува Хрватска со удар од далечина, но само покрај голот. Но, коцкестите не се откажаа до последната минута од регуларното време.
Во дополнителните 6 минути, Хрватите со помош на Марио Пашалиќ ги кренаа Хрватите на нозе, изедначија на 3-3 во втората минута. Младиот напаѓач со удар со глава, го матираше Симон и го крена стадионот на нозе. Пеколно ова беше за фуриозните Шпанци кои предвреме почнаа да слават. Хрватска се врати буквално од бездната. Покажаа дека не се за потценување. Дојдоа до посакуваните продолженија.
Во првите 15 минути од првото продолжение, жесток почеток на двете реепрезентации. Оршиќ имаше шанса за четврт гол, но биеше минимално над голот. Крамариќ имаше шанса да ја запечати судбината на „фуријата“, но Симон го одбрани ударот. Жестоко го нападнаа шеснаесетникот на Шпанија. Хрватска не дозволи и удар кон нивната мнрежа и мајсторски му помагаа и на Ливаковиќ со блокирање на топката. Сепак, ги послужи среќата и Мората по четврт пат ја затресе мрежата на Ливаковиќ за 4-3, а при крајот на продолжението, Шпанија го зацементира резултатот со 5-3 со голот на Ојарзабал.
Шпанија во четвртфиналето ќе игра со победникот од натпреварот Франција-Швајцарија.
24









