Иран повеќе нема да доставува информации за своите нуклеарни постројки до Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), изјави претседателот на парламентот Мухаммед Галибаф.
– Договорот со МААЕ е истечен и нема да и доставиме на агенцијата никакви податоци и информации од надзорните камери во нуклеарните постројки, рече Галибаф, пренесува телевизијата Ал-Хадат.
МААЕ во петокот соопшти дека Техеран е должен веднаш да одговори на прашањето за продолжување на техничките договори за следење на иранските нуклеарни постројки, кои истекоа на 24 јуни на полноќ. Според генералниот директор на агенцијата, Рафаел Гроси, дополнително собирање податоци за иранските нуклеарни активности е од витално значење.
Кон крајот на мај, МААЕ и Иран се договорија за три месеци да го продолжат привремениот технички договор за следење на нуклеарните постројки на земјата, кој истече на 23-ти мај и потоа беше продолжен до 24-ти јуни.
Sloboden pecat









