Денес, во населбата Горња Прушка, во Бјело Поље, беше поставен камен-темелник за изградба на централната џамија и исламскиот центар во овој град на северот на Црна Гора, јавува „Anadolu Agency“, пренесува „Dubai-Portal“.
На свеченото поставување камен темелник, присуствуваше претседателот на Дирекцијата за верски работи на Република Турција, Али Ербас, кој денес престојува во официјална посета на Црна Гора. Заедно со реисот на Исламската заедница во Црна Гора, Рифат еф. Фејзиќ го официјализираше почетокот на работите на овој повеќенаменски објект. Република Турција ќе финансира дел од работите за изградба на џамијата.
На церемонијата присуствуваше и амбасадорот на Република Турција во Црна Гора, Сонгул Озан, директор за Мушафе Хафиз Осман еф. Сахин, претседател на општина Бјело Поље, Петар Смоловиќ, претставници на Исламската заедница, како и бројни други претставници на институции, верници и граѓани.
Реисот од Исламската заедница во Црна Гора, Фејзиќ, рече дека изградбата на централната џамија во Бјело Поље е потреба на верниците од овој град.
„Al Jazeera“
„Dubai-Portal“









