Федералното биро за истраги (ФБИ) (FBI) на САД, поставува командни центри низ САД (USA) за да ги подготват агентите во случај да избувне насилство по претседателските избори, објави „Волстрит журнал“ („Wall Street Journal“).

ФБИ (FBI) потврди дека седиштето во Вашингтон (Washington) ќе биде команден центар каде ќе се проценуваат опасностите од можни закани по изборите.

Дополнителни подготовки од страна на ФБИ (FBI) следеа по проценките на американските официјални лица дека по изборите може да има немири или уништување на имот поради зголемени политички тензии и расни проблеми, пренесува „РТС“ („RTS“).

Ќе бидат формирани специјални центри низ САД (USA), така што агентите полесно ќе можат да го следат развојот на настаните и да комуницираат со локалната полиција.

Иако вакви центри беа основани за време на претходните избори, шефот на канцеларијата на ФБИ (FBI) во Сиетл (Seattle), Абас Голфри (Abbas Golfri), објаснува дека оваа година „грижите се присутни поради зголемените тензии што траат од летото“.

Тој исто така рече дека порано полицијата и ФБИ (FBI) се грижеле за можноста од терористички напади за време на изборниот процес, но дека оваа година целото внимание е насочено кон локалните групи, што може да предизвика немири.


Dubai-Portal

Sputniknews