Баерн ја освои 30-та германска титула

0
142

Во натпреварот од  32. коло од германската Бундеслига, Баерн го совлада Вердер со минимални 1: 0, и со тоа дефинитивно повторно стана шампион на Германија!
Баварците стигнаа до осмата врзана титула, а вечерашниот натпревар го реши Роберт Левандовски со неговиот нов гол, кој го постигна преку асистенција на Џером Боатенг во 43-та минута.

Така Баерн стигна до бројката од 76 поени, 10 повеќе од Дортмунд, кој има уште три натпревари до крајот…

Треба да се напомене дека вечерашниот натпревар баварскиот гигант заврши со играч помалку, бидејќи Алфонс Дејвис заработи два жолти картони.

Фрајбург на домашен терен ја совлада Херта со 2: 1, а единствениот гол за гостите го постигна Ведад Ибишевиќ од пенал. Стрелци за домашните беа Грифо и Петерсен.

Падерборн беше поразен на гости кај Унион Берлин, а сега е дефинитивно дека оваа екипа ќе ја заврши сезоната на последното место на табелата.

Вердер е веднаш напред, и ако Мајнц утре победи утре, ќе биде чудо да го остави Вердер во Бундеслигата…