АНКАРА (АА) – Според информации од дипломатски извори, по иницијатива на Турција и спроведените телефонски разговори на турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, донесена е одлука за вонреден состанок на Извршниот комитет на Организацијата за исламска соработка (OIC), јавува Агенција Анадолија (АА).

На состанокот ќе се разговара за планот на Израел за анексија на Западниот Брег.

Инаку, палестинските власти ќе го достават своето официјално барање за состанокот до Организацијата за исламска соработка (OIC) по Рамазан бајрам.

Anadolu