ХАНАУ (AA) – Околу 10.000 луѓе учествуваа на мирниот марш во германскиот град Ханау, во знак на протест против расистичкиот терористички напад во кој оваа недела се убиени девет луѓе, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во рамките на собирот, кој е одржан под мотото Заедно против тероризмот и антиисламизмот”, демонстрантите се собраа на плоштадот Курт-Шумахер во Ханау, од каде маршираа кон Маткплац. Во текот на маршот упатија пораки во кои го осудуваат тероризмот.

На маршот учествуваа и членови на семејствата на жртвите, бројни граѓани на Ханау, други германски градови, Турција и други европски земји.

Собирот започна со учење на делови од Куранот и со читање на нивниот превод на германски јазик. Потоа, упатена е заедничка молитва за убиените во расистичкиот терористички напад. Исто така, вотекот на собирот прочитани се и имињата на убиените, а оддадена им е почит и со едноминутен молк.
Градоначалникот на Ханау, Калус Камински, изрази длабока тага и жалење поради немилиот настан, упатувајќи пораки на единство и солидарност.
На собирот се обрати и амбасадорот на Турција во Германија Али Кемал Ајдин кој го осуди овој расистички терористички напад.
„Се собравме денес тука, без оглед на нашето потекло и на нашата вера, за да заеднички се спротиставиме на тероризмот и непријателството кон исламот, како и да упатиме барање никогаш да не се повторат. Овој подмолен напад е последен од таквите примери кои се предизвикани од расизам и антиисламизам, а на кои во последно време повеќе пати предупредивме”, порача Ајдин.
На собирот присуствуваа и неколку пратеници од турскиот парламент.
Во вооружениот напад во Ханау, во близина на Франкфурт, убиени се девет лица, вклучувајќи петмина Турци и еден државјанин на Босна и Херцеговина. Ранети се пет лица.
Безживотните тела на 43-годишниот напаѓач Тобиас Р., расистички терорист и неговата 72-годишна мајка подоцна се пронајдени во куќа во операција која ја изведе тим на специјална полиција.
Напаѓачот поседуваше дозвола за лов, а подоцна е пронајдено и писмо и видеопорака која ја оставил зад










