Израелските окупаторски сили вчера запленија монтажна училница која припаѓа на училиштето Сусија (Susiya) , на истокот на градот Јата (Yatta), во окупираниот Хеброн (Hebron).

Според локалните извори, израелските трупи упаднале во Хирбет Сусија (Khirbet Susiya) на истокот на Јатта, извршиле рација во училиштето и присвоиле монтажна структура користена како училница, објави палестинскиот информативен центар.

Окупационите сили исто така нападнале голем број локални жители и привеле еден од нив, откако го претепале.

Пред околу еден месец, на училишната администрација му беше врачено известување со кое му наредува да престане да го развива своето игралиште. Булдожер и копач биле конфискувани од местото.

Училиштето е составено од 15 училници и обезбедува едукација за десетици локални студенти во кластерот Масафер Јата (Masafer Yatta).

Пренесува: „Dubai-Portal“

Пишува: „MEM“