Европскиот совет во март треба да даде зелено светло за почетокот разговори за пристапување за Северна Македонија и Албанија, изјави лидерот на грчката опозициска партијата СИРИЗА, Алексис Ципрас во обраќањето до францускиот Сенат.
ЕУ не може да ја добие поскуваната динамика на меѓународна геополитичка улога ако активно не го поддржуваат Договорот од Преспа меѓу Грција и Северна Македонија, вели Ципрас во неговото обраќање пред Сенатот посветено на процесот на проширувањето на ЕУ. Според него сузпнзијата на пристапни преговори со земјите од Западен Балкан во 2014 година доведе до губење на стабилноста во регион и отварање врати за трети страни кои работат против интересите на ЕУ.
Ципрас исто така предупреди дека дополнителна нестабилност во регионот би придонеле кон подинамични миграциски текови од Западниот Балкан кон Европа.
Лидерот на Сириза истакна дека ЕУ мора да демонстрира јасна полтичка воља дека ги поддржува лидерите и народите од западен Балкан кои се подготвени да направат храбри
одлуки со преземање реформи, во спротивно ќе се случи ЕУ да им даде аргуметни на националистичкии авторитарни сили
NovaTV








